Search

Американскиот Сенат отфрли повеќе барања на демократите во врска со импичментот на Трамп

Американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска со процесот за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Дебатата во Горниот дом на американскиот Конгрес сè уште не е завршена.

Сенатот, кој е под контрола на републиканците, отфрли барања за документи што треба да бидат доставени во процесот од Белата куќа, Стејт департментот, Министерството за одбрана и Канцеларијата за буџет.

Сите барања беа одбиени со 53 наспроти 47 гласови.

Со толку многу гласови, беше одбиено и барањето на демократите да биде повикан да сведочи и Мик Мaлвани, директорот на канцеларијата за менаџмент и буџет, како и вршител на должност шеф на Кабинет во Белата куќа.

Треба да знаете
Последни објави