Search

Американскиот Сенат го призна геноцидот врз Ерменците

Американскиот Сенат денеска ја одобри резолуцијата со која масовните убиства на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги признава за геноцид.

Резолуцијата претходно три пати беше блокирана на барање на Белата куќа, но денеска едногласно беше прифатена.

Необрзувачката резолуција, што ја поднесоа демократиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси и републиканскиот сенатор од Тексас,Тед Круз, потврдува дека геноцид имало и дека за тоа е одговорна Турција, пренесоа американските медиуми.

-На своите пријатели и колеги им велам – геноцид е геноцид, рече Менендез и додаде дека сенаторите треба да имаат храброст тоа и да го кажат „ јасно, гласно и без резерва”.

Менендез и Круз три пати се обидуваа да се донесе резолуцијата преку процедурален маневар што ќе го овозможеше гласањето без долги расправи. Секој пат некој републикански сенатор ќе приговореше, наведувајќи го неодобрувањето на Белата куќа како причина за тоа.

Турција со години лобираше против американското признавање на убиствата на османлиските Ерменци за геноцид.

-Турското повеќедецениско противење на резолуцијата беше „најдолгото вето врз американската надворешна политика” на некоја странска сила во американската историја, изјави Арам Хампаријан, извршен директор на Ерменскиот национален комитет на Америка.

Историчарите проценуваат дека околу 1,5 милиона Ерменци се убиени меѓу 1915 и 1917 година, а многу научници тоа го гледаат како првиот геноцид во 20. век.

Треба да знаете
Последни објави