Search

Американскиот Конгрес сака ограничени права на претседателот за активирање на нуклеарното оружје

Американскиот Конгрес разгледува два предлог-закона за ограничување на правото на претседателот да употреби нуклеарно оружје, соопштија портпаролите на коавторите на предлог-законот.

Предлог-законот кој би го ограничил претседателот да употреби нуклеарно оружје без одобрување од Конгресот е поднесен од Елизабет Ворен, сенатор и претендент за номинација за претседателски кандидат од Демократската партија, и Адам Смит, раководител на Комисијата за вооружување при Претставничкиот дом.

– Нашата сегашна политика не е само застарена, туку и опасна. Ако се прецизира дека задржување (на непријателите) е единствената цел на нашиот нуклеарен арсенал, предлог-законот ќе ги намали шансите на погрешни проценки во нуклеарната сфера, се наведува во заедничката изјава на Ворен и Смит.

Сличен предлог-закон поднесе и сенаторот републиканец Тед Лиу и неговиот колега демократ Ед Марки.

Вакви предлог-закони беа поднесувани и во минатото, но безуспешно. Иницијативата доби поддршка после изборот на Трамп откако демократите изјавија дека е опасно да му се даде на Трамп контрола над нуклеарното оружје на САД.

Поранешниот претседател Барак Обама покажа подготвеност за менување на политиката во областа на превенција од нуклеарен напад, но се откажа од намерите нешто да смени.

Треба да знаете
Последни објави