Search

Американскиот воен контингент во Јапонија ставен под режим на вонредна состојба

Командантот на американскиот воен контингент во Јапонија, Кевин Шнајдер, прогласи вонредна состојба за неговите војници во регионот Канто.

„Безбедноста на сите поврзани со вооружените сили на САД е наш приоритет”, се вели во соопштението, објавено денеска на официјалната веб-страница на контингентот.

Регионот Канто го опфаќа главниот град Токио и неколку околни јапонски префектури. Во него се сместени неколку американски воени објекти, вклучувајќи ја и воздухопловната база Јокота.

Локалните медиуми претходно информираа дека утре, Владата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе ќе воведе вонредна состојба во Токио и Осака.

Треба да знаете
Последни објави