Search

Американската полиција побара ДНК од Роналдо поради тужбата за силување

Полицијата во Лас Вегас има налог со кој се бара од португалскиот фудбалер на Јувентус Кристијано Роналдо да даде ДНК примерок за потребите на истрагата по обвинение за силување.

 

Адвокатот на 33-годишниот Роналдо, Питер С. Кристијансен, за BBC изјави дека се работи за стандардно барање, а медиум објави дека налогот е испратен до правосудниот систем на Италија, каде сега живее Роналдо.

Фудбалерот ги отфрла обвиненијата дека ја силувал Кетрин Мајорга во хотел во Лас Вегас во 2009 година.

„Роналдо како и секогаш тврди дека настаните во Лас Вегас се случиле со согласност од двете страни, така што нема да биде изненадување присуство на негова ДНК, како што не изненадува ни ова стандардно барање во рамки на истрагата“, изјави Кристијансен.

Германски весник прв ја објави приказната за обвиненијата уште во октомври, откривајќи дека Мајорга го пријавила наводниот инцидент во полиција уште истата вечер.

Во 2010 година била постигната вонсудска спогодба според која Роналдо ѝ исплатил 375.000 евра на Мајорга во замена за нејзиното молчење за настаните од таа вечер.

Адвокатот на Роналдо тврди дека тој договор не значи признавање вина.

Треба да знаете
Последни објави