Search

Американската морнарица тврди дека запленила делови од иранска ракета

Воен брод на американската морнарица запленил делови од ракета за која се верува дека е поврзана со Иран во Оманскиот залив, изјавија американски официјални претставници во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок врз Техеран да ги ограничи своите регионални активности.

Официјални лица, кои не сакаа да бидат именувани, изјавија дека воениот брод „Форест Шерман” запленил мал брод минатата недела каде крајбрежните чувари пронашле делови од ракетата.

Екипажот на малиот брод бил пренесен кај јеменската крајбрежна стража, а делови од ракетата сега се во сопственост на САД, додаваат официјалните лица.

Треба да знаете
Последни објави