Search

Американската војска извела невообичаен лет над Украина

Американската војска соопшти дека извела невообичаен лет над Украина, согласно со Договорот за отворено небо, со цел да ја потврди посветеноста кон земјата откако Русија заплени три украински брода.

„Рускиот напад на украинските бродови во Црното Море се опасна ескалација во рамки на сите провокации и активности“, соопшти Пентагон, пренесе „Ројтерс“.

САД побараа подобри односи со Русија и истакнаа дека тоа не може да се случи доколку продолжат, како што рекоа, незаконските и дестабилизирачки акции во Украина и на другите подрачја, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави