Search

Американската амбасадорка во Тирана смета дека преговорите на ЕУ со Албанија и С.Македонија треба да почнат без одлагање

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, во објава на Фејсбук напиша дека ја поддржува интеграцијата на Албанија и Северна Македонија во Европската унија, истовремено потенцирајќи дека преговарачкиот процес треба да започне без одлагање.

Таа при тоа ја споделува заедничка изјава на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жoзеп Борел, во која се наведува дека земјите од Западен Балкан припаѓаат на Европската унија.

„САД и ЕУ се согласуваат дека регионот на Западен Балкан припаѓа на Европската унија и преговорите за пристапување со Албанија и Северна Македонија треба да почнат без одлагање. Приемот во ЕУ, деклариран приоритет за целиот Балкан, помага во консолидација на демократските институции, заштита на основните права и унапредување на владеењето на правото, пишува амбасадорката Ким, пренесува агенцијата Балкан веб.

Веднаш потоа министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, изрази благодарност за поддршката на САД и ЕУ за интеграцијата на Албанија.

Според неа, ова е чекор што треба да се преземе врз основа на постигнувањето на реформите, што било потврдено од Европската комисија.

-Заедничкиот ангажман САД-ЕУ во нашиот регион е клучен за консолидирање на стабилноста, просперитетот, владеењето на правото и демократијата. Благодареност за поддршката во нашето патување кон Европската Унија, особено за отворањето на преговорите за членство на Албанија. Ова е чекор што мора да се преземе врз основа на постигнувањето на реформите, што беше потврдено од Европската комисија, напиша Џачка.

Треба да знаете
Последни објави