Search

Американка по трет пат во три години на лотарија освоила 50.000 долари

Жена од сојузната американска држава Мериленд по трет пат за околу три години на лотарија освоила награда од 50.000 долари.

Таа вели дека е шокирана од фактот што на лотарија добива по трет пат.

„Едноставно не можев да верувам, повторно!“, изјавила 61-годишната жена.

Според Си-ен-ен, таа купила две ливчиња во вредност од пет долари, а второто и донело награда од 50.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави