Search

Американка боледува од Ковид-19 три месеци

Американка веќе 100 дена се бори со ковид-19. Првите симптоми ги почувствувала на 17 март, недолго откако нејзината 16-годишна ќерка се тестирала за вирусот и добила позитивен резултат. Ен Валас, која повеќе од три месеци се бори со коронавирусот, ја раскажа својата приказна за „Хафингтон пост“.

„ Кога лекарите ми рекоа дека две недели ќе мора да бидам во карантин, тоа ми звучеше предолго. Немав поим што всушност ме чека. Откако добив позитивен резултат на вирусот, со задоволство го споделувам секој детал на социјалните мрежи за својата болест и многумина ми пишуваа и бараат совети и искуство.

https://www.facebook.com/ann.wallace1/posts/10158297074032418

Мораме да се решиме од оваа стигма. Срамот нема да му помогне на никого и ако сте болни, ви треба помош и поддршка. Го знам тоа од прва рака – со недели не можев да направам ништо откако се разболев. Не можев ни да зборувам, немав доволно кислород. И денеска, три месеци подоцна, секојдневните работи ме оставаат без здив. Ова не е момент да се биде сам. Секако, не треба никого да го изложите на опасност, но некој треба да ви донесе храна и да ви помогне“ вели Валас.

Таа додава дека многу пациенти долго време носат последици од коронавирусот и дека тој што е болен од ковид-19 треба да побара најдобра нега. Вели дека болниците и лекарите моментално се преоптеретени и се соочуваат со непозната болест.

Треба да знаете
Последни објави