Search

Американец со возило излетал во замрзната река, го спасила Сири

Гаел Салцедо (18) на 10 декември бил на пат кон својот колеџ во Ајова, кога поради замрзнатиот пат загубил контрола над возилото и завршил во замрзната река.

Салцедо се сеќава само на последните моменти пред да падне во реката.

„Не знаев каде ќе завршам и не знаев што да правам. Се сеќавам дека помислев оти веројатно ќе умрам“, рече Салцедо, а пренесе Си-ен-ен.

Тој се соземал дури кога возилото почнало да тоне и ги спуштил прозорците. Водата на реката била со температура под точката на замрзнување.

Не можел да го најде мобилниот телефон, па викнал: „Сири, повикај брза помош (911)!“

Противпожарната служба од градот Мејсон брзо одговорила на повикот и пристигнала на местото на настанот, но не биле во можност веднаш да ја отворат вратата на возилото заради исклучително силните речни струи.

„Морав да излезам. Рацете ми замрзнуваа. Повеќе не можев да ги чувствувам нозете“, рече Салцедо.

„Постојано паѓав и ги молев спасувачите да ми помогне. Едвај можев да излезам од реката“, изјавил тој.

Салцедо на крајот со помош на спасувачите успеал да излезе од ледената вода, а на брегот го чекало амбуантно возило, кое го пренело во болница. Тој бил пуштен неколку часа подоцна, без сериозни повреди.

Треба да знаете
Последни објави