Search

Американец преживеа напад на пума: ,,Ме гребеше и ме гризаше, но ја задушив”

31-годишниот американец Тревис Кауфман бил нападнат од пума додека трчал по вообичаената рута во паркот на планината Хорстут. Планинскиот лав одеднаш се појавил на патот и се стрчал кон него.

,,Тој дојде пред мене и се нафрли врз мене, а стравот што го чувствував одеднаш се претвори во борбен став. Пумата ме гризна за зглобот на раката и почна да ја влече, со канџите ме гребеше по лицето и рацете. Беше застрашувачки”, раскажува Кауфман. За среќа, очигледно станувало збор за млада пума, па Тревис, иако крварарел, успеал некако да ја поттурне на земјата.

,,Од тој момент, тоа беше всушност боречки меч”, раскажува Кауфман и додава: ,,Имам мачка дома, сум читал нешто за овие диви животни, бидејќи сакам да трчам во планините и знаев дека канџите се најопасни. Се плашев со нив да не ми го распори стомакот, оти тогаш ќе бидам готов. Но, успеав некако да го отфрлам планинскиот лав на грб, и со нозе да му го притиснам вратот. На неклку пати ме избриза и изгреба. По десетина минути тој престана да мрда”.

Крвави каснувања, гребнатини низ целото тело, изгризан нос се само дел од последиците кои ги здобил од борбата со пумата.

,,Не знам ни сам како успеав да со совладам, но со овие 20-тина сошиени рани, се чувствувам како да сум добил џек пот”, вели американецот кој го преживеа нападот на дивото животно.

Ако имате несреќа да бидат нападнати од некое диво животно, статистички е најмалку веројатно дека ќе преживеете напад од ајкула, волк, змии и – токму од лавот.

Треба да знаете
Последни објави