Search

Американец починал од срцев удар кога му експлодирала Е-цигарата

Дваесет и петгодишен Американец од Тексас починал кога му експлодирала е-цигарата што ја пушел и му ја раскинала каротидната артерија, пренесе Си-ен-ен.

Како што е наведено од болницата каде што бил пренесен, тој умрел од церебрален инфаркт и хернијација бидејќи остатоци од експлозијата му ја расекле каротидната артерија и делови се заглавиле во грлото.

Несреќата се случила на 27 јануари на паркинг пред продавница за е-цигари, вајп-пенкала и течности. Директорот на компанијата изјавил дека повикал брза помош веднаш по експлозијата. Вилијам Браун отишол во продавницата за да праша како да ја користи својата е-цигара, а ништо не купил, рекле од компанијата.

Браун бил пренесен во болница, а неговото семејство рекло дека бил во кома и дека на рендгенските снимки бил забележан дел од е-цигарата заглавен во неговото грло.

„Тоа поминало преку неговата уста и му ја пресекло. Влегло во грлото и останало таму“, рекла баба му.

Е-цигарите и вајп-пенкалата се уреди на батерии кои загреваат течност за да создадат аеросол кој може да се инхалира како и обичниот чад од цигарата. Течноста обично содржи никотин и може да има арома, сооптши Центарот за контрола и превенција на болести.

Медиумите објавиле 195 одделни инциденти со случаи на пожари и експлозии на е-цигари во САД од 2009 до 2016 година, се наведува во извештајот на Американската управа за пожари.

Треба да знаете
Последни објави