Search

Американец морал да облече здолниште за да не го пропушти авионот

Еден Американец, инаку новинар во магазинот „Форбс“ на лет со саудиска авиокомпанија, морал брзо да се преслече бидејќи бил непримерно облечен пред да се качи во авионот за Ријад.

Имено, на аеродромот во Џакарта тој се појавил во кратки панталони, но службениците му рекле дека нема да може да патува за Истанбул преку Ријад (главниот град на Саудиска Арабија), каде што требало да биде само во транзит, доколку не облече нешто со долги ногавици. На патникот му било образложено дека начинот на кој е облечен се смета за непристоен и неприфатлив во исламските земји.

Иако никој ништо не му забележал во Џакарта (главниот град на Индонезија), пред да се качи во авионот, службеник од саудиската авиокомпанија го вратил назад.

Бидејќи немал долги панталони, Американецот морал брзо да отиде во блиската продавница и да купи саронг, традиционална облека во Јужна Азија која се витка околу половината и изгледала како здолниште.

Треба да знаете
Последни објави