Search

Американец излегол од затвор по 68 години, воодушевен од зградите

Американецот Џозеф Лaјгон (83), бил осуден на затвор како малолетник и мина 68 години зад решетки. Тој сега скоро беше ослободен, а една од првите работи што ги забележа беа високите згради коишто ги немало во Филаделфија во 1953 година.

Лајгон имал само 15 години кога бил осуден на доживотен затвор за учество во вооружени грабежи и напади со група пијани тинејџери кои убиле две лица во 1953 година. Тврдел дека самиот тој лично не убил никого, но добил доживотна казна затвор. Казната потоа му е намалена и, речиси седум десетлетија подоцна, од 11 февруари годинава, Лајгон е слободен човек, откако неговиот адвокат го убеди судот дека доживотната казна затвор е неуставна.

Прифатилиштето за осудени малолетници и нивно враќање во општеството во Филаделфија (ЈСРП) има задача да го направи животот по затворот што е можно понормален.

– Светот се има променетоо откако Лајгон почнал да ја издржува казната. Но, и тој се смени – сега е целосно нов човек. Тој е многу среќен и ентузијаст за промените во Филаделфија од 1953 година. Особено им се восхитува на облакодерите. Тој, исто така, зборуваше за своите сакани – оние, кои не се повеќе меѓу живите, се чини, најмногу му недостасуваат, рече Еленор Мајерс, една од советниците во Прифатилиштето.

Треба да знаете
Последни објави