Search

Амбасадорски совет на тема „Европската перспектива на Република Северна Македонија”

Министерството за надворешни работи, на 26 и 27 август 2019 година го организира годишниот Амбасадорски совет, кој оваа година е тематски посветен на европската перспектива на Република Северна Македонија. Целта на овој дводневен работен состанок е да се направи координиран пресек на досегашните и да се допрецизираат следните чекори и конкретни, фокусирани дипломатски активности во пресрет на одржувањето на Европскиот Совет во октомври, кога се очекува да биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Во рамки на Амбасадорскиот совет предвидени се работни средби со претседателот на државата, Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со претседателот на Владата, Зоран Заев и со потпретседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Исто така, предвидени се и неколку работни сесии на кои  министерот за надворешни работи, Никола Димитров и амбасадорите на Република Северна Македонија акредитирани во земјите-членки на ЕУ подетално ќе ги разгледаат сите аспекти релевантни за остварување на целта – одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ во октомври, како и активностите кои ќе следат по истата.

Го покануваме вашиот медиум да ги проследи обраќањата при отворањето на Амбасадорскиот совет, утре (понеделник, 26 август 2019г.)  во 9:30 часот во Амфитеатарот на МНР.

Треба да знаете
Последни објави