Search

Амбасадорот Ѓорги Филипов ќе се пријави за претседателски кандидат на СДСМ

Поранешниот амбасадор на Македонија во Берлин и Виена, Ѓорги Филипов денеска ќе се пријави на отворениот повик на СДСМ за избор на претседателски кандидат. Филипов ја сподели информацијата со допис о медиумите, а во текот на денот ќе одржи и прес-конференција по повод неговата номинација.

Пријавувањето на поранешниот амбасадор е прва кандидатура поднесена во СДСМ, која е официјално позната.

Филипов е доктор по технички науки, но добар дел од својата кариера помина во дипломатијата, меѓудругото и како амбасадор на Македонија во Берлин и во Виена.

Треба да знаете
Последни објави