Search

Амбасадорот Скот ги повика Белград и Приштина да стават точка на судирите од 90-ите

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, денеска порача  дека „ дојде време да се стави точка на судирите од 90-тите” и ги повика властите во Белград и Приштина што побрзо да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ, пренесе Фена.

„Дојде време да се стави точка на судирите од деведесетите. Ги повикувам Белград и Србија што е можно поскоро да го обноват дијалогот под патронат на ЕУ и да се воздржат од преземање чекори кои оневозможуваат постигнување договор”, напиша Скот на својот Твитер.

Покрај оваа порака американскиот амбасадор објави и фуснота на текстот од вчерашната заедничка изјава со која пет земји членки на НАТО  ги повикаа Србија и Косово да ги деблокираат преговорите за нормализација на односите и да дојдат до обврзувачки документ во интерес на регионалната стабилност.

САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија од Приштина бараат да ги укине царинските такси за стоките од Србија, а од Белград да ја прекине кампањата со која од други земји бараат повлекување на признавањето на независноста на Косово, пренесе Хина.

Треба да знаете
Последни објави