Search

Амбасадорот на САД ги предупреди германските компании

Американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел ги предупреди компаниите кои учествуваат во изградбата на гасоводот „Северен тек 2″ дека можат да се соочат со санкции доколку останат во проектот.

Американската Амбасада во Германија посочи дека тоа е наведено во писмата кои се испратени до неколку комапнии.

– Во писмото се потсетува дека на секоја компанија која соработува со рускиот енергетски сектор за извозот на гас и се заканува опасност од санкции од САД, посочи портпаролот на Амбасадата.

Од друга страна, Германија и други европски земји го обвинуваат Вашингтон дека со заканите за санкциите се меша во нивната надворешна и енергетска политика.

Треба да знаете
Последни објави