Search

Амбасадорот Жбогар на средба со младите од Тетово во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ”

Кампањата „ЕУ за ТЕБЕ” што ја спроведува Делегацијата на ЕУ во земјава, оваа пролет ќе биде фокусирана на младите, а Тетово ќе биде првиот град што во рамки на кампањата ќе го посетат амбасадорот Самуел Жбогар и Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка во Делегацијата.

Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Жбогар ќе разговара со младите во Тетово и ќе го слушне нивниот глас во однос на Европската Унија.Предвидено е Жбогар да оствари средба со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

На кампањата ќе се придружи и локалната НВО Младински образовен форум (МОФ), која води 15 младински клубови во осум општини ширум земјата, во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Младинско изразување”.

Инаку, како дел од кампањата, Бертолини ќе продолжи со одржување на работилниците за начините за подобро искористување на помошта од ЕУ. Работилницата во Тетово, денеска ќе се одржи во средното општинско училиште „7 Март”.

Треба да знаете
Последни објави