Search

Амбасада на САД: Не сме организатори, ниту финансиери на протестите во Белград

САД не се организатори, ниту финансиери на протестите „1 од 5 милиони” во Србија, соопшти Амбасадата на САД во Белград, како одговор на тврдењата на белградскиот весник „Информер”, кој пишуваше дека токму американската Aмбасада стои зад протестите.

– Не знаeмe зошто, но „Информер” одбива да ги објави фактите. Нашата работа е да ја разбереме Србија. Редовните состаноци со политичарите од власта и опозицијата, како и другите ширум Србија, се дел од таа работа. САД не се организатор, ниту финансиер на „1 од 5 милиони”, некој лаже, се наведува во пораката на Амбасадата на Твитер.

„Информер” пред неколку дена објави фотографии за кои наведe дека „докажуваат оти Амбасадата на САД и нивните луѓе за специјални операции стојат зад протестите во Белград, кои се одржуваат од декември минатата година”.

Во еден од текстовите се наведува дека „нема дилема оти Политичкиот оддел на американската Амбасада во Белград ги координира демонстрациите и им дава инструкции на нивните организатори”.

Во прилог на тоа, „Информер” објави и фотографии, од кои на една се наоѓа Јелена Анасоновиќ, една од организаторите на протестите „како прима инструкции од третиот секреатр на Амбасадата на САД”, а на друга Сергеј Трифуновиќ, претседател на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на состанок со Дејвид Линдгрен Геренбек, советник во американската Амбасада и Натан Албахар, службеник на ИСАК фондацијата.

Амбасадата на Твитер објави фотографија со прашањата на новинар на „Информер” во врска со тие средби и ставот на Амбасадата за протестите, вклучувајќи го и прашањето дали Амбасадата и амбасадорот ги поддржуваат протестите, како и исечок од еден од текстовите на „Информер”.

Треба да знаете
Последни објави