Search

Амбасадата на САД на Твитер објави дел од писмото на Рикер до Заев

Американската Амбасада во земјава денеска на Твитер се огласи во врска со писмото, кое помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот Филип Рикер го испрати до премиерот Зоран Заев.

Рикер во писмото ја повтори поддршката на САД за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, а до Скопје и членките на ЕУ ги охрабри решенија за билатералните прашања да бараат надвор од евроинтегративните процеси.

– Ве охрабруваме и вас и земјите од ЕУ да барате решение за билатералите прашања надвор од интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, објави американската Амбасада на својот твитер налог, дел од писмото на Рикер.

Тој во него меѓу другото ја охрабрува Северна Македонија да остварува прогрес во  аспирациите кон ЕУ интегрирањето со отворање и затворање на поглавјата во преговорите и додава дека САД се оптимисти дека првата меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ ќе се одржи наскоро.

Треба да знаете
Последни објави