Search

Аматеризмот на Заев ја води Македонија кон извисување пред вратите на ЕУ

Зоран Заев и неговата влада продолжуваат да ја понижуваат Република Македонија.
Аматеризмот на Заев ја води Македонија кон извисување пред вратите на ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ вчера јавно ги искажаа ставовите:
1. Коалицијата цврсто стои на уставната одредба за антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба, и остро се спротивставува на промените на Уставот кои значат негирање на антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба!
2. За коалицијата – македонскиот јазик, неговите историски корени и антропологија, како и неговата признаеност се неспорен историски факт кој е потврден и признат од целокупната светска научна јавност и околу овој факт нема дискусија.
3. Коалицијата инсистира на признавање и почитување на македонското малцинство и неговите европски загарантирани права, а кое опстојува кај нашиот источен сосед и чие постоење е потврдено од страна на европски надлежни правни институции, како што е Судот за човекови права во Стразбур. Воедно го повикуваме источниот сосед да ги почитува одлуките донесени од овој суд, а кои се однесуваат на правата на македонското малцинство во Бугарија.
4. Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност. И се спротивставува на вештачката промена на улогата и карактерот на националните херои кои се бореле за слободна и независна македонска држава.
5. Коалицијата енергично потенцира дека македонскиот идентитет е неспорен и засебен, и има свој посебен историски, правен политички и културолошки развој. Кон овој став едногласно се придружуваат и припадниците на партиите од коалицијата кои што ги преставуваат етничките заедници кои се различни од македонскиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ јавно ја предупредува владата на Заев да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава, а кои се создавани од генерации.

Треба да знаете
Последни објави