Search

„Амазон“ го надмина „Мајкрософт“ на листата на највредни компании

Компанијата „Амазон“ го надмина „Мајкрософт“ на листата на највредни американски компании, а до ваквиот развој на настаните доведоа случувањата на берзата.

Според агенцијата АП, до промена на врвот на листата дошло откако акциите на „Амазон“ се зголемиле за три отсто и запреле на 1.629,51 долари, со што ја зголемиле пазарната вредност на лидерот за е-тргување на 797 милијарди долари.

Во меѓувреме, акциите на компанијата „Мајкрософт“ се зголемија за помалку од еден процент и застанаа на 102,06 долари, со што пазарната вредност на компанијата сега изнесува 784 милијарди долари.

Се вели дека „Амазон“ за првпат доаѓа до врвот на највредните американски компании.

Се верува дека ова репозиционирање е предизвикано поради загриженоста оти американско-кинеската трговска војна и зголемувањето на каматните стапки ќе ја загрозат светската економија.

Како што пренесува АП, доколку тоа се случи, веројатно ќе забави растот на технолошките компании, но и на другите индустрии кои значаен дел од приходот остваруваат надвор од САД.

Треба да знаете
Последни објави