Search

Ал Наср и Рајо се договориле: Димитриевски оди во Саудиска Арабија?

Саудиски Ал Наср и Рајо Валјакано се договориле за трансфер на македонската „единица“ Столе Димитриевски и само завршните детали за договорот остануваат за да се реализира трансферот, објави новинарот од Италија, Руди Галети, кој пред три дена прв објави за можниот трансфер на чуварот на мрежата и тоа во ек додека сите чекаа да замине во Барселона.

Галети пред три дена објави дека Димитриевски и Ал Наср се договориле за личните услови, но пречка беше саудискиот клуб да го убеди Рајо Валјекано да им го продаде голманот, па беа одбиени две понуди, по што следеше информација дека тратата понуда ќе биде најбогата и ќе изнесува десет милиони евра.

Но, Галети не објави за колку пари Ал Наср и Рајо се договориле, освен дека е постигнат договор за трансфер и дека на еден чекор до заминување во Саудиска Арабија е на македонскиот репрезентативен голман и тоа во ек додека се најавуваше силен интерес од Барселона, а и после неговите изјави дека никакви понуди во моментов не го интересираат и сета концентрација е на настапите во шпанската Ла Лига.

Треба да знаете
Последни објави