Search

Ал Багдади: Во тек се нови операции на ИД

Медиумската мрежа на Исламска држава денеска објави аудио снимка, во која се тврди дека е од водачот на таа терористичка организација, Абу Бакр ал-Багдади, во која тој предупредува дека се во тек нови операции.

– Операциите се одвиваат на различни фронтови, вели Багдади на снимката објавена на мрежата Ал Фуркан. Тоа е негова прва порака од април.

Тој наведе неколку локации каде ќе бидат извршени нападите, како што се Мали и Левантскиот Залив, но не го откри времето за можните напади.

Треба да знаете
Последни објави