Search

Алушовски: Овие ракометари треба да бидат прогласени за херои

Актеулениот европски ракоменте првак Вардар за миг ги заборви тешките финансиски прблеми кои му се закануваат дури и со растурање на клубот, се издигнаа над кризата и го победи Мотор  (38:28). На две кола пред крајот од групната фаза во лигата на шампионите Вардар се пласира во осминафиналето од ЛШ.
-Како играч во Вардар сум бил десет години, и еве сега сум пак тука, но како тренер. Можам да кажам дека Вардар никогаш не бил во полоша ситуација за она што се вика негова иднина. Сега не сакам да зборувам за тактика, само ќе кажам дека овие ракометари треба да се прогласат за народни херои за ова што го прават за Вардар, за нашата држава. Горд сум што работам со еден ракометари кои поседуваат човечки квалитети какви што ретко кој ги има, рече Стевче Алушовски по мечот.
Тренерот Алушовски кој дебитраше на клупата кај Вардар не го криеше свото задоволство и од постигнатиот резултат.
-Среќен сум што изборивме пласман во осминафиналето. Ќе направиме се што е во наша моќ да го избегнеме и шестото место  во групата и евентуален дуел со ПСЖ или Пик Сегед. Во наредните денови би требало да се знае нешто повеќе за нашата иднина како клуб. Верувам дека ќе останат сите играчи кои се сега на располагање, а мислам дека ќе успееме да донесеме и два нови играчи со кои ќе го засилиме тимот за нокаут-фазата – додаде Алушовски.
Треба да знаете
Последни објави