Search

Алушовски: Место за напредок во нашата игра има

Тренерот на македонскиот и сеуште актуелен европски машки ракометен првак Вардар, Стевче Алушовски, за вечерашното гостување кај Кјелце во Лигата на шампионите, очекува подобро издание на своите избраници од она од пред шест дена во Скопје.

– Анализиравме кои се нивните добри страни. Имавме четири дена да видиме каде грешевме на нашиот дуел со нив во Скопје. Место за напредок, поготово во нашата игра во одбрана има. Исто така, ќе промениме и некои детали во играта во напад. Се надевам на добар натпревар во Полска и да покажеме дека Вардар неслучајно досега освои три бода во Лигата на шампионите. Очекувам неизвесен натпревар, многу борба. Не сме без шанси. Нашите голмани можат многу повеќе од тоа што го прикажаа во Скопје. Се надевам на добар натпревар, изјави Алушовски.

Дуелот е прогласен за „Меч на неделата” според ЕХФ, и закажан е за

вечер со почеток во 20.45 часот.

На средбата во Скопје на 19 ноември, полскиот тим победи со 33:29.

Киелце е лидер на табелата во А-групата со 11 бода од седум натпревари, Вардар е на 6.место со 3 бода од четири натпревари.

Треба да знаете
Последни објави