Search

Алушевски верува во успех против Мотор и покрај тешката ситуација во која се наоѓа Вардар

Тренерот на актуелниот европски ракометен шампион Вардар, Стевче Алушевски очекува многу тежок натпревар против Мотор Запорожје, но верува во добар резултат и покрај незавидната ситуација во која се наоѓа неговиот тим поради финансиската криза.

– Играчите се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Но верувам дека тие ќе го дадат максимумот и заедно ќе се радуваме на победата. Евентуален триумф ќе значи и дефинитивно наш пласман во следната фаза. Мотор сигурно ќе дојде со амбиција да ги освои бодовите, но ние сме европски шампион, плус играме на домашен терен се надевам пред полна сала и поддршка од нашите навивачи, рече Алушевски на денешната прес-конференција.

Натпреварот Вардар – Мотор Запорожје се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 17:30 часот.

Треба да знаете
Последни објави