Search

Алонсо успешно го започна релито во Саудиска Арабија

Пилотот на Тојота, Фернандо Алонсо ја заврши првата фаза од својот нов предизвик за рели-предизвикот „Ула-Неом” во Саудиска Арабија.

Шпанецот и неговиот навигатор Марк Кома го завршија првиот дел, нешто подолг од 211 километар, на четвртото место. Нивното време беше 55 минути – осум минути зад победникот во етапата Јасир бин Сеидан со МИНИ.

Втор етапата ја заврши Шеик Калид ал-Касими со Пежо, а потоа следеше фаворитот Јазид Ал-Ражки со Тојота Хилукс. Ал Ражки забави поради пуканата гума, а неговото заостанување од првото место беше нешто повеќе од шест минути.

И покрај тоа што имаше добар ден, Алонсо се пожали на недостаток на моќ на неговиот тим, открива шпанското издание на „Марка”. Од Тојота го убедиле Алонсо дека по промената на софтверот, во втората фаза пилотот ќе има поголема брзина.

Треба да знаете
Последни објави