Search

Алонсо се враќа во Формула 1

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, повторно ќе биде дел од најпопуларната трка со автомобили во светот. Шпанскиот возач ќе се врати како дел од тимот на Рено во сезоната 2021 година.

Поранешниот двократен светски шампион, кој ќе наполни 39 години подоцна овој месец, потпиша договор со тимот и ќе биде официјално објавен за нов возач на Рено многу скоро, тврдат извори блиски до Би-Би-Си Спорт.

Алонсо ќе се врати како дел од тимот во кој освои две светски титули и за кој веќе се натпреваруваше двапати во својата кариера. Тој ја напушти Формула 1 во 2018 година и ќе го направи својот трет обид да ја освои Индијанаполис 500 со Мекларен во август.

Од новата сезона, Фернандо Алонсо ќе биде партнер на Французинот Естебан Окон и ќе го замени Австралиецот Даниел Рикардо, кој по крајот на кампањата ќе се пресели во Мекларен.

Треба да знаете
Последни објави