Search

Алонсо по победата на „24 часа на Дејтона”: Ова е голема работа

Фернандо Алонсо триумфираше во „24 часа на Дејтона” со својот тим „Вејн Тејлор Рејсинг” и колегите Камуи Кобајаши, Џордан Тејлор и Ренгер ван дер Занде со „Кадилак”. Тоа беше првиот голем успех за Алонсо откако ја напушти Формула 1 на крајот на сезоната 2018.

Победата е и втора за поранешниот пилот на Мекларен во 24-часовна трка по успехот на „Ле Ман” во јуни минатата година.

– Да победам на ваков тип трка на легендарно место како „Дејтон” значи многу за мене. Со минимална подготовка и искуство во трките на издржливост оваа победа е голема работа”, изјави Алонсо по трката.

Тој го направи своето деби во „24 часа на Дејтона” минатата година, кога заврши 38-ми. Шпанецот ги прокоментира и тешките услови на патеката.

– Условите беа многу различни. Се натпреварувавме на суво, на мокро, во текот на денот и во текот на ноќта. Многу се радувам за сите во тимот, додаде Алонсо.

Шефот на тимот, Вејн Гарден го прокоментира пилотирањето на Ф1 шампионот на мокро, што во голема мера ја обезбеди и победата на тимот

– Фернандо Алонсо е еден од најимпресивните натпреварувачи кои сум ги видел, изјави Гарден.

Треба да знаете
Последни објави