Search

Алонсо го прогласи Верстапен за најдобар возач во Формула 1

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо смета дека во моментот Макс Верстапен е најдобар возач во Ф1.
– Тркачите не се случајно во Формула 1, затоа што тие се најдобри. Тешко е да се избере најдобриот меѓу нив. Од година во година, сè се менува. Секогаш треба да комбинирате различни вештини. Некои возачи се брзи во еден круг, додека други ќе започнат добро. Некои се стабилни, други се агресивни. Јас би рекол дека во моментов Макс Верстапен е број 1.
Го гледав особено внимателно оваа година. Ми се допадна да ги гледам неговите трки, бидејќи тој е секогаш агресивен. Никогаш не се задоволува со моменталната позиција и секогаш се стреми кон подобро место, истакна Алонсо.
Верстапен на две трки до крајот на сезоната се наоѓа на 4.место со 235 бода.

Треба да знаете
Последни објави