Search

Алкалоид не ја доби решавачката битка за шампионската титула, па заврши како четвртопалсиран на ЕКК

Нов европски клупски првак во шах е екипата Obiettivo Risarcimento од Падова, Италија, со освоени максимални 14 бода од седум мечеви. Во дирекната пресметка со макеоднскиот првак Алкалоид, тимот од Падова го совлада Алкалоид минимално со 2,5:3,5. По овој пораз Алкалоид во конечниот пласман се најде на четвртото место, со 10 меч-бодови.
По серијата од три високи победи во претходните кола Алкалоид во меѓусебниот решавачки меч за титулата во последното коло, влезе со императив да победи и да стаса до втора шампионска титула, но не ги оствари своите амбиции.
Во рана фаза на партиите Ковалев на шестата табла дојде во непријатна, послаба позиција, и неговиот противник не ја испушти шансата да освои цел поен.
На првите три табли шахистите од италијанската екипа одиграа цврсто и солидно, па сите обиди на Мамедјаров, Андреикин и Шанкланд да постигнат предност останаа без успех и тие партии завршија со реми, како и Криворучко на петтата табла.
На четвртата табла, во борбена игра, во одреден момент Инаркиев оствари мала предност, но таа се покажа недоволна за победа, иако долго се обидуваше нешто да извлече од позицијата, па конечниот резултат во мечот е минимален пораз за Алкалоид 2,5:3,5.
Алкалоид сепак остана при врвот на европските клупски натпреварувања.
Одлична игра покажа лидерот на екипата, велемајсторот Мамедјаров, кој со три победи и две реми освои златен медал за најдобар личен резултат на првата табла. Покрај него, Ковалев освои сребрен медал на шестата табла.
Второто место екипно го освои „АВЕ Нови Бор“ од Чешка, а третото „Медниј Всадник“ од Русија.

Треба да знаете
Последни објави