Search

Алкалоид најде ефикасен лек за убедлив триумф против Итака

Македонскиот претставник Алкалоид по минималниот пораз во дербито на 3. коло од Европскиот клупски куп во шах, од рускиот шампион Медни Всадник (2,5:3,5), брзо најдоа ефикасен лек да им се вратат на победите и да стигнат до поскауваниот убедлив триумф. Во 4. коло настрада српскиот претставник Итака кој беше совладан со 5:1. Убедливиот триумф беше  императив за Алкалоид, за да ја продолжи битката за медалите.
Алкалоид со 4 победи и две реми дојде до резултат  5:1 против екипата Итака од Србија. Ковалев, Шанкланд и Криворучко со сигурна игра извојуваа победи. Следеа две реми на Андреикин и Инаркиев. Најголема борба се водеше на првата табла, меѓу велемајсторите Мамедјаров и Инѓиќ кој ја доби играчот на Алкалоид.
По одиграни четири кола, само 4 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 8 бода, а потоа следи група со 6 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.
Во петото коло,  ШК Алкалоид за противник ја има екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“.

Треба да знаете
Последни објави