Search

Али Камнеи: Иран ќе извезува нафта колку што му е потребно

Иранскиот врховен лидер Али Камнеи, реагирајќи на понеделничката изјава на САД дека нема да ги повлечат санкциите за иранските увозници на нафта по 2 мај, истакна дека Иран може да извезува онолку нафта колку што му е потребно, пренесува „Спутник“.

„Американските напори за санкционирање на продажбата на иранската нафта нема да стигнат никаде. Ние можеме да извезуваме колку нафта колку што ни треба и колку што сакаме”, рече Камнеи.

Покрај тоа, Вашингтон објави дека САД, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ќе се погрижат глобалниот нафтен пазар да остане соодветно снабден.

САД ги наметнаа санкциите за нафтената индустрија во Иран во ноември, откако унилатерално се повлекоа од Заедничкиот сеопфатен акционен план од 2015 година со кој беа укинати  ограничувањата на Техеран под услов Исламската Република да ја задржи мирнодобската природа на својата нуклеарна програма.

Треба да знаете
Последни објави