Search

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер

Барајќи го гласот од гостиварци, Али Ахмети лидерот на партијата Демократска унија за интеграција напомена дека му е познато кога луѓето кога одат на гласање добро размислуваат за кого ќе го дадат нивниот глас, но е убеден дека тие ќе гласаат за ДУИ, бидејќи како што рече, за кого да се гласа ако не за ДУИ. Оптимизмот дека ќе извојува победа во Гостивар, тој го образложи со благодарноста на Албанците во Гостивар, бидејќи тие ги ценат постигнувањата кои се остварени со големо жртвување и пролеана крв.

-Ништо на подарок не сме добиле. Јас лично на свој грб сум почувствувал во изминативе 20 години. Тие, мислиш срцето си им го откорнал за некое унапредување на Албанец или за нивните национални права. Исто така и за инвеститорите Албанци за кои сме барале да бидат поддржани и да просперираат, рече Ахмети.

Во неговоиот говор, тој се осврна и на политиките и разговорите со доскорешните партнери од македонскиот блок, нагласувајќи дека со соседите Македонци имаат исто право на државотворноста и на управување со државата. Тој потенцира дека изминативе години успеале да постават на државни раководни функции многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

sdr

-Ние не бараме нешто за да им ја уништиме среќата. Ние си го бараме своето. Нашето си наше и со тоа нема мајтап. Секако и ним им е тешко, ама ние не сме избрани за да правиме задоволства, не сме избрани за да материјализираме и да обезбедуваме лична егзистенција, туку да носиме и тешки одлуки, подвлече Ахмети.

Тој во обраќањето напомена дека се залага за ветинг за функционерите и во општестевниот живот. Тој оцени дека како партија реализирале голем дел од програмата, но никогаш не се двоуми да даде отчет за постигнувањата. Ахмети смета дека има уште многу работи да се направат, како што нагласи, никој подобро тоа не знае да го направи како ДУИ.

Ахмети одоговри и на прозивките на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека за ДУИ е најдборо да оди во опозиција и дека нема да имаат премиер.

-Засега останува на мене дали некогаш ќе пишувам мемоари за овие минати 20 години. Но, Зоран Заев претера со изјави и прави нечесна работа. Не е тој што ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Тоа го може само една сила, а тоа се тие се гласачите на ДУИ, тие се Албанци на Република Македонија, тоа е гласачкото тело. Но, не и Зоран Заев. Зоран Заев нема да биде премиер. Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат. Така им се случи пред 20 години кога седнавме и преговаравме за многу големи прашања, територијални поделби и тие ја загубија играта мислејќи дека доаѓаме од планината и не знаеме ниту политика ниту дипломатија, подвлече Ахмети.

На говорницата на градскиот плоштад, се обратија кандидатот за премиер, Насер Зибери, и кандидатите за пратеници Вјолца Љатифи Адеми, Арта Зендели Биљали, и Хасим Деари.

Обраќања имаа и потретседателот на ДУИ, Невзат Бејта и доскорешниот прв човек на македонскиот парламент и кандидат за пратеник Таљат Џафери.

Треба да знаете
Последни објави