Search

Алијев му заблагодари на Ердоган на поддршката за Азербејџан

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев му се заблагодари за поддршката на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, во момент кога судирите меѓу азербејџанските и ерменските сили околу Нагорно Карабах влегуваат во четвртиот ден.

Алијев истакна дека Пакистан, Авганистан и Турција му дадоа поддршка на Азербејџан, но нагласи дека на неговата земја не и е потребна надворешна помош.

Ердоган во понеделникот нагласи дека Азербејџан мора да ги преземе работите во свои раце и порача дека Турција ќе го поддржи Баку со „сите свои ресурси”.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу претходно денеска изјави дека Азербејџан е способен сам да ја ослободи својата територија, но Турција ќе биде со него доколку побара поддршка и помош. Тој не ја ислучи ниту можноста за воена интервенција во кавкаската област Нагорно Карабах.

Спорната област Нагорно Карабах е територија која според меѓународното право му припаѓа на Азербејџан, но е населена со мнозинско ерменско население. 

Треба да знаете
Последни објави