Search

Алијанса на Албанците: Со распуштањето на Собранието, се отвори патот за изборите на 12 април

Со распуштањето на Собранието, се отвори патот за изборите на 12 април, што без сомнение ќе ја донесат долгоочекуваната промена во земјата.

Албанската владејачка партија имаше повеќе од доволно време да се докаже и да им помогне на Албанците кои со години ги третираа само како гласови за да се обезбедат самите себеси и ништо повеќе.

Не можеме да застанеме на една или друга сфера во нашата земја, затоа што сите со печатот на ДУИ се уништени. Почнувајќи од судскиот систем, образованието, здравството, економијата, екологијата и многу други.

Народот веќе не може да се манипулира затоа што се свесни дека само со ДУИ не завршуваат политичките монтирани случаи против Албанците, додека виновниците за малтретирање со ДУИ секогаш остануваат неказнети. Започнувајќи со бегството на Никола Груевски, не притворањето на Гордана Јанкуловска, спасувањето на Трајко Велјановски за 27 април, ослободителната пресуда за убиството на Алмир, инкриминираните пратеници на ДУИ во кривични дела како што е случајот со Џеват Адеми, Ејуп Алими се само неколку од јавните случаи за кои народот знае дека ДУИ е одговорна со нејзините инсталирани судии и обвинителите кои спроведуваат селективна правда во земјата.

ДУИ не успеа да реализира економски развој, држејќи го историскиот рекорд на неуспеси за капиталните инвестиции.

По заминувањето на АА од владата, износот на додатоци за третото дете се смени затоа што 50% од семејствата кои ја добија оваа помош се Албанци.

Економијата прави регрес во албанските населби, додека невработеноста кај младите во Северна Македонија го зазема третото место во светот, а од друга страна албанската невработеност во земјата е алармантна и далеку од процентот што го обврзува уставот, со што за резултат се зголемува стапката на миграција.

Агенцијата за млади и спорт, како и Агенцијата за просторно планирање на лидерско ниво и натаму се 0% Албанци и 100% Македонци вработени. Врховниот суд има 88,9% вработени Македонци и 0% Албанци. Државниот завод за статистика 90,1 Македонци и само 3,3% Албанци, Институт за стандардизација 100% Македонци и 0% Албанци. Ниту државните управи и министерствата не ја почитуваат соодветната застапеност на Албанците каде ако ги собереме сите, вклучително и манипулацијата со етничката припадност, излегува дека само околу 12% од вкупниот број вработени во јавната администрација се Албанци.

Државните фондови и субвенциите се однесуваат само на оние што се на власт. Додека состојбата во образованието се влошува, ДУИ не успеа да обезбеди училишта и образование на албански јазик во многу населени места како што се Чашка, Блаце, Идризово, Визбегово, Битола, Мала Речица и многу други населби.

Со години се ветуваше решение за проблемот со дивите депонии и нечистиот воздух, водоснабдување и канализација, патна инфраструктура, болници, здравствени и земјоделски инвестиции кои никогаш не се реализираа, затоа што ако тоа беше сторено денес не би зборувале за основни работи што една држава мора да им гои обезбеди на своите граѓани.

Почитувани, во интерес на времето, ова беа само некои од главните теми кои демаскираат и демантираат каква било манипулација на ДУИ со јавноста. Во наредните денови Одделите на Алијанса за Албанците ќе ги направат транспарентни сите детали за неуспесите на соодветните министерства.

Треба да знаете
Последни објави