Search

Алијанса на Албанците: Насилството врз трите косовски момчиња во Скопје е директен напад врз Албанците

Насилството врз тројцата косовски момчиња од страна на навивачката група „Комити“ во Скопје е директен напад врз Албанците и основните права што секој посетител треба да ги ужива додека престојува во територијата на Република Северна Македонија.

Алијансата за Албанците го поддржува мирниот протест на жителите на Елез Хан кои не бараат ништо друго освен правда.

Ние како опозициска партија бараме од сите надлежни органи соодветно постапување со случајот и кривична одговорност од сторителите, додека бараме одговорност и од лицата кои требаше да им пружат прва помош на повредените од случајот кон косовската младина, во случај ако се потврди несоодветниот третман.

Молчењето за случајот, но уште полошо, несоодветното постапување со случајот може да ги влоши соседските односи со Косово, како и да ја влоши ситуацијата на нашата територија.

Со оглед на тоа што ова не е прв случај, ние исто така бараме построг надзор за време на фудбалски натпревари за да не се повторат вакви случаи во иднина.

Треба да знаете
Последни објави