Search

Алијанса на Албанците: Зошто корумпираните и инкриминираните од ДУИ заштитени се како ,,бели мечки” !

Почитуван вицепремиер за евроинтеграции, со целиот ваш медиумски ентузијазам да зборувате за случајот „Рекет“ или Евроинтеграција, случајот за кој вие сте осомничени е наречен “Пациент“, исто како и називите ,,Рекет” , Империја, Маѓар Телеком, Титаник, Тврдина, итн. и ова прашање никогаш не се отвори затоа што вие и вашиот субјект имате политичко влијание за да се постаупа и да се води истрага само за случаи во рамките на рокот согласно Законот за специјалното јавно обвинителство?

И прашањето е, што зборуваме за довербата во владеењето на правото, за случајот „Рекет“ или Евроинтеграција?

Вашиот политички субјект – ДУИ е најцрната дамка на разнишаниот правосуден систем.

На јавноста и се свежи сеќавањата дека како Министерство за правда, заедно со функционери на ВМРО, го зазедовте Судот, Главниот обвинител, и оваа инсталација направи да инкриминирани функционери бидат заштитени од криминалот, и за жал тоа навистина се случува затоа што досега не се изведени пред лицето на правдата и немаме судска одлука за ниту еден функционер на ДУИ или пак нема индикации или сомневања за криминал и корупција за нивни поранешни функционери.

Значи, ова е вистината зошто криминалците од ДУИ се заштитени од правда за нивниот криминал и се недостапни од правната држава, моќ која за жал за функционерите на ДУИ не постои.

И, на крајот, да одговориме на вашиот цинизам: без разлика дали сме мала или голема опозициска партија, бидете трпеливи до денот на парламентарните избори, од кои вашиот субјект се плаши и во никој случај не сака тие да се одржат.

Треба да знаете
Последни објави