Search

Алијанса за Албанците: Филипче има канцеларија ако договара изградба на болници, а не кај Боки

Случајот „Рекет“ стана уште покомплициран поради фактот што се инкриминираат и други државни функционери, реагираат од Алијанса за Албанците.

-Еден од сведоците во случајот изјавил дека на една од состаноците во куќата на Боки 13 присуствувал и сегашниот министер за здравство Венко Филипче. Уште и по иронично отколку потврдата за неговото присуство на оваа средба е неговиот изговор за предметната средба со фактот дека тој беше таму да разговара за проект за изградба на болница врз основа на јавно приватно партнерство !!!!! Алијансата за Албанците го потсетува министерот дека јавно-приватните партнерства се вршат со парите на даночните обврзници и дека, затоа, никаде во земјите на Европската Унија, па дури и подалеку, не се слушнало дека договори или планирање кои се во интерес на државата и народот се прават во приватен имот, велат од АА.

Според паријата, министерот за Здравство има своја јавна канцеларија во зградата на министерството каде може да разговара и да планира градење на згради кои ќе им бидат од корист на граѓаните и здравствената услуга што ја добиваат.

-Алијансата за Албанците бара надлежните органи, без политичко влијание, самостојно да докажат дали министерот Филипче е или не е, вмешан во случајот што беше најголем удар врз правдата во земјата. Сметаме дека состаноци што се одвиваат во приватни домови, надвор од јавни канцеларии и со луѓе инкриминирани и осомничени за злоупотреба и корупција, се и треба да бидат, осомничени за кривични дела!, велат од АА.

Треба да знаете
Последни објави