Search

Алијанса за Албанците: Предвремените избори се добра вест

За Алијанса за Албанците  е добра вест што ќе има предвремени парламентарни избори. Портпаролот на партијата Флакран Беџети на прес-конференција рече дека лидерската средба ќе биде прилика за усогласување меѓу партиите како да се одвива изборниот процес.

-По вчерашната вест дека нема датум за почнување на преговори со Европската Унија, денеска е добра вест дека премиерот Заев дал изјава во која вели дека треба да се оди на предвремени парламентарни избори. За нас како Алијанса на Албанците е прифатлива и ја поздравуваме. Се надеваме дека на утрешната средба лидерите на политичките партии ќе се согласат како треба да се спроведе целиот овој процес. Ние сме убедени дека на државата и треба нов политички легитимитет при што ќе дојдат политички сили што ќе имаат кредибилитет да ја сносат одговорноста и во најскоро време да се добие датумот кој, на некој начин, ги разочара сите наши граѓани, рече Беџети.

Партијата смета дека новите избори се добри и за промена на власта.

-Ние како Алијанса за Албанците сме подготвени за предвремени избори со силно убедување дека ќе ги поразиме политчките противници, односно ДУИ, кои подолго време – две децении ги претставуваат гласачите Албанци, истакна  Беџети.

Треба да знаете
Последни објави