Search

Алијанса за Албанците: Кој им дава право на Заев и Мицкоски да не ги поканат лидерите од албанскиот политички блок

Алијанса за Албанците на прес конференција ги изнесе своите ставови во врска со најавената лидерската средба Заев – Мицковски.

Соопштението го проследуваме во целост:

„Во принцип, како политички субјект сме за политички дијалог, консензус и компромис за одредени прашања од политички и државен интерес, но категорично се спротивставуваме на идејата за затворена средба помеѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ПДМНЕ, Христијан Мицковски, со исклучување на албанските политички сили и нивното раководство.

Досега имало две работни групи кои работеа на законот за јавното обвинителство, а кои беа ексклузивно со членови на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, без да бидат вклучени други албански политички субјекти.

Јавно прашуваме Кој им дава право на Премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ПДМНЕ да ги исклучат или не да ги поканат  лидерите од албанскиот политички блок.

Ниту премиерот Заев, ниту лидерот на ВМРО, Христијан Мицковски, не можат сами да одлучуваат за судбината на Специјалното јавно обвинителство, кое некогаш беше донесено со  политички и етнички консензус, иницирано од меѓународниот фактор!

Јавно прашуваме кој ги претставува албанските граѓани на лидерската средба, Заев  или Мицковски?

Кој ќе зборува во името на Албанците за Законот за јавно обвинителство, г. Заев или г. Мицковски?

Кој ќе зборува во името на албанските граѓани, доколку евентуално се отвори темата за предвремени парламентарни избори?

Бидејќи не се исклучуваа можноста на таа средба да дискутираа и за други актуелни теми, претпоставуваме за пописот на население.

Што можат да помислат граѓаните Албанци, ако само Заев и Мицковски   зборуваат или се договараат за пописот, зошто се  остава простор и можност некој и да згреши или да не згреши во своите констатации и предрасуди?

За жал, денес, ДУИ продолжува со својот политички дуализам со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, која еднаш се согласува со владиниот предлог-законот за Јавното обвинителство и, од друга страна, има идентичен став со тој од ВМРО-ДПМНЕ за тоа како предметите на СЈО треба да се пренесат од СЈО во републичкото обвинителство.

Г-дине Заев, Вие можете и да разговарате заедно со Мицковски за ДУИ и нивното име, но не на името на албанските граѓани, Можете  и  да се договорите да ги амнестирате оние поранешни и сегашни функционери вклучени во отворените предмети на Специјалното јавно обвинителство, но не можете да зборувате за правда, за реформи интеграција во ЕУ, изборен законик, предвремени избори, затоа што уште на прв поглед, оваа средба изгледа моноетничка, далеку од мултиетничка реалност, и од политичката традиција за сеопфатен политички договор!

Го повторуваме нашиот политички став дека:

Најдоброто можно решение би било заедничка политичка маса помеѓу сите релевантни политички сили во земјата, да се создаде можност за политички консензус, со што би се сменил изборниот законик и ќе ја подготвува земјата за парламентарни избори. А паралелно со реформскиот процес на правосудниот систем да се именува странски експерт од ЕУ или САД.“

Треба да знаете
Последни објави