Search

Алијанса за Албанците: Земањето лекови со лични карти и физичко присуство на пациентот, е апсурдно

Алијанса за Албанците реагираат на известувањето кое денес беше објавено од страна на Фондот за здравство на Република Северна Македонија во врска со земањето лекови од аптеки каде покрај рецептот треба и документ за идентификација и физичко присуство на пациентот.

-Известувањето кое денес беше објавено од страна на Фондот за здравство на Република Северна Македонија во врска со земањето лекови од аптеки каде покрај рецептот треба и документ за идентификација и физичко присуство на пациентот како и враќање на старите здравствени книшки е еден од составните елементи на неспособноста и незнаењето што ја карактеризира оваа Влада.
Фондот за здравство е втурнат во вициозен круг на потфрлувања, и наместо да размислува за поедноставување и олеснување на постапките, со оваа мерка го оптоваруваат пациентот со работи кои во праксата се апсурдни, велат од АА.

Алијансата за Албанците смета дека ваквите уредби се во спротивност со развојните трендови на земјите од ЕУ чиј дел се стремиме да станеме.

-Оваа апсурдна мерка и задава удар на медицинската дејност, оставајќи го на втор план пациентот и неговата болест, бидејќи времето потребно за запишување на терапијата во книшката, здравствената картичка и регистарот е двојно поголемо од анамнезата и прегледот на пациентот.
Според анализите на Одделението за здравство при Алијансата за Албанците, сметаме дека електронските картички кои на граѓаните им направија дополнителни трошоци, се решението и потребата на пациентот, докторот и фармацевтот, затоа што со заеднички софтвер се заштедува време, хартија, тонер, при што како лекарот така и пациентот добиваат комотност, реагираат од партијата.

Според нив, ваквата мерка за присуство на пациентот со лична идентификација и рецепт, се судира со правата на пациентот затоа што му задава удар на контингентот пациенти кои немаат физичка и психичка можност да го земат лекот.

-Имајќи ги предвид овие аргументи од една страна и апсурдноста што овие уредби можат да бидат практични и функционални за здравствениот систем, го покануваме министерот и Фондот да ги повлечат овие барања и да започнат да размислуваат за проширување на позитивната листа на лекови, зголемување на коефициентот и креирање политики за одржување на лекарите во земјава, велат од АА.

Треба да знаете
Последни објави