Search

Алијанса за Албанците за пресудата за „Титаник3“: Добредојден сигнал за слободни избори

Алијанса за Албанците ја поздрави одлуката на Кривичниот суд за предметот „Титаник3“ во пресрет на предвремените парламентарни избор и смета дека е добредојден сигнал за слободни избори. Обвинетите во предметот „Титаник 3“, Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ, денеска добија по три и пол годинио затвор за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.

-Оваа пресуда ја потврдува криминализацијата и манипулацијата со изборниот процес и процесите на ДУИ во минатото и сведочи какви кандидати за пратеници кандидираат кои мора да одговорат пред правосудните органи со цел да избегаат од правдата и Ејуп Халими не е единствениот случај. Посакуваме оваа пресуда да не биде во форма на одлуки само за да се освојат бодови во борбата против корупцијата во однос на ЕУ, каде одредени политички фигури се казнети во прв степен за да се остави впечаток дека се бориме против корупцијата, само за подоцна да бидат амнестиран. За ДУИ, правдата станува селективна кога ќе бидат погодени нивните инкриминирани функционери, додека со десетици монтирани албански политички процеси и илјадници години затвор за сите заедно собрани за нив е правда, велат од АА.

Треба да знаете
Последни објави