Search

Алијанса за Албанците: ДУИ ја инструментализираше ИВЗ за политичко-партиски интереси

ДУИ, како што ја инструментализираше секоја друга административна институција, судството, но и образованието во државава, истото го има направено и со Исламската верска заедница за политички-партиски интереси, се вели во соопштението од парламентарната партија Алијанса за Албанците.

Наводите на поранешниот поглаварот на ИВЗ за инфилтрирање на функционери на ДУИ на изборот или на смената на раководителот на оваа институција, се уште еден доказ дека ДУИ континуирано ја минирало улогата и мисијата на ИВЗ, мешајќи се политички за да ги исполни своите партиски цели, кршејќи ги одредбите на самата ИВЗ, но и Уставот на РСМ со кој е гарантирано независното функционирање на оваа институција. Македонија е секуларна држава и религијата е одделена од државата.

Подеднакво неприфатливо е кога поранешниот поглавар на ИВЗ прифаќа да стане инструмент на ДУИ или на која било друга партија, за цели што не се поврзани со надлешностите на првиот човек на ИВЗ.

Овие непринципиелни постапки на поранешниот поглавар на ИВЗ, како и на ДУИ, со право ги принудија муслиманските верници да ја изгубат вербата во оваа институција, која требаше да биде независна и со целосен кредибилитет, служејќи им на исламските верници, но и на сите граѓани, за зачувување и негување на човечките вредности и афирмација на верата.

Време е да се стави крај на манипулаците на ДУИ, која не бира ниту форма ниту начин да остане на власт, манипулирајќи и политизирајќи ја секоја институција, дури и Исламската верска заедница на Македонија.

Апелираме до сите функционери на ИВЗ, но и до муфтиите на градовите во земјава, за време на процесот на избор на новиот поглавар на ИВЗ да не дозволат мешање на ДУИ, но и на кој било друг политички субјект.

Воедно да ги почитуваат сите одредби на нормативните акти пропишани со Уставот на ИВЗ, да обезбедат транспарентен и демократски процес со вршење на најдобар избор за поглавар на ИВЗ, со што ќе се врати достоинството на оваа институција која ги застапува муслимански верници во Македонија!

Треба да знаете
Последни објави