Search

Алијанса за Албанците: ДУИ со 5.000 причини за нивните неуспеси

Неконзистентноста и нестабилноста на ДУИ прави нивните ставови да бидат определени како што дува ветерот за лични интереси, тоа е евидентно дури и во нивните ставови за измените на Изборниот законик.

Поднесените 5000 амандмани не се ништо повеќе од 5000 причини за блокирање на парламентарната расправа за измените на изборниот законик.

Од друга страна, приближувањето на ставовите и ко-доставувањето на амандманите со ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател за нивните идни соработки за блокирање на процесите што прават разлика за целокупното добро, но секако на нивна штета!

Алијансата за Албанците стои силно зад нејзиното барање за отворени листи како приоритет за изменување и дополнување на Изборниот законик, а заради потранспарентна одговорност пред гласачите, потребни ни се 8 изборни единици. Што исто така значи и зајакнување на албанскиот глас!

Ние како Алијанса сметаме дека измените во Изборниот законик се неопходни за предвремените парламентарни избори со цел да се зголеми бројот на пратеници кои ќе го претставуваат гласот на Албанците во Собрание.

 

Треба да знаете
Последни објави