Search

Алијанса за Албанците демантира дека ќе подржи македонски кандидат во вториот круг

Алијансата за Албанците преку оваа реакција, се оградува од секоја лажна вест и клевета посочена кон нашиот субјект, наводно дека ќе поддржиме на македонски кандидат во вториот круг.

И за време на процесот на уставните промени, го поддржавме Преспанскиот договор со цел да станеме членка на НАТО и целосно сме посветени на патот кон интеграција на државата во Европската унија. Ова го потврдуваме постојано уште од самото основање на Алијансата за Албанците.

Алијансата за Албанците секогаш работеше и ќе работи на унапредување на статусот на Албанците во Северна Македонија.

Алијансата за Албанците не прави политичко пазарење зад очите на јавноста ниту за претседателските избори ниту за локалните избори. Нашата единствена цел е победа на искрените Албанци во двете трки во кои што влеговме.

Алијансата за Албанците никогаш не направила изборно партнерство со ниту еден македонски ентитет, ниту пак ќе го стори тоа во било кој момент, ако тоа не е во служба на унапредување на правата на Албанците во согласност со политичката платформа на АА и во целосна транспарентност со Албанците и широката јавност. Албанците добро знаат кој се пазари и кој чека на вратите од владата без принципиелен и транспарентен договор, туку само за тесни интереси на кланот или за опстанок поради многубројните хипотеки.

Тенденциозните вести имаат за цел под било кој услов  да ја дефокусираат јавноста од утрешниот протест во одбрана на Фета Алими, или од успехот на Блерим Река и Арбен Аголи, нарачателите на лажните вести, најдобриот одговор ќе го добијат на 21 април!

Треба да знаете
Последни објави