Search

Алијанса за Албанците: Без политичка волја невозможна е ефикасна борба против корупцијата

„Индексот на перцепција на корупцијата 2022″ е уште една независна потврда на она што Алијансата за Албанците постојано го осудува, велат од партијата.

-Во последното мерење на степенот на перцепција на корупцијата за 2022 година, „Транспаренси интернешнал” прецизира дека кај нас институциите надлежни за прогон на корупцијата и организираниот криминал се недоволно финансирани и нивната независност се поткопува од политиката, дека судството е политизирано, додека правдата останува селективна во случаите на корупција на високо ниво.
Алијансата за Албанците смета дека недостатокот на политичка волја ја оневозможува ефективната борба против корупцијата и дека решението е едноставно, односно неопходен е ветинг, одземање на незаконски стекнат имот, удвојување на инвестициите во правосудството и антикорупциските институции.
Алијансата за Албанците има и политичка волја и храброст да ги поттикне реформите во правосудството и да води бескомпромисна војна против корупцијата, сметаат од АА.

Треба да знаете
Последни објави